• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • Хилари Клинтон размислува дали да ја прифати функцијата американски државен секретар

Хилари Клинтон размислува дали да ја прифати функцијата американски државен секретар

Хилари Клинтон се двоуми дали да ја искористи можноста да стане државен секратер во идната влада на Барак Обама или да остане во Сенатот, додека екипа на новоизбраниот претседател на САД го испитува финансирањето на фондацијата на нејзиниот сопруг.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hilari Klinton
Хилари Клинтон

Хилари Клинтон се двоуми дали да ја искористи можноста да стане државен секратер во идната влада на Барак Обама или да остане во Сенатот, додека екипа на новоизбраниот претседател на САД го испитува финансирањето на фондацијата на нејзиниот сопруг.

Предлогот на Обама, Хилари Клинтон да стане негов „топ“ дипломат е обвиткан во мистерија и спротивставени сигнали, кои се закануваат да му го „помрачат“ патот кон власта во Белата куќа, нагласува весникот.

Познато е дека повеќето од соработниците на Обама се однесуваат резервирано кон назначувањето на неговата поранешна соперничка на толку висока позиција, каде сигурно таа ќе се обиде да земе со себе некои од советниците со кои тимот на Обама имаше најголеми недоразбирања за време на изборите.

Hilari KlintonГлавен повод за загриженост во штабот на Обама секако е ризикот е што поранешниот американски претседател Бил Клинтон со своето меѓународно влијание и тајна мрежа од странски донатори за неговата фондација ќе ја злоупотреби идната администрација или ќе биде искористен како алтернативен лост за влијание врз американската надворешна политика, коментира „Тајмс“.

Поранешниот шеф на државата се согласи да открие некои од странските спонзори на својата хуманитарна фондација, меѓу кои има странски влади, ветувајќи дека ќе дозволи вршење контрола врз нејзината идна дејност. Според јавните документи, Клинтон добивал пари како од саудиското кралско семејство, Кувајт, Брунеи и Катар, така и од една кинеска интернет компанија, која ја следи дејноста на активистите за човекови права во Тибет.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top