Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска пристигна во ненајавена посета на Багдад. Тоа е нејзина прва посета на Ирак откако стапи на должност.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска пристигна во ненајавена посета на Багдад. Тоа е нејзина прва посета на Ирак откако стапи на должност.
Посетата на Клинтон уследи по самоубиствените бомбашки напади во Багдад и во другите ирачки градови во кои загинаа најмалку 155 луѓе.
– И покрај најновите напади нема индиции дека верското насилство од пред три години би можело да биде обновено. Самоубиствените напади, всушност се трагичен сигнал дека Ирак се наоѓа на прав пат, истакна Клинтон.
Таа наведе дека ирачката Влада има остварено значителен напредок.
Предвидено е Клинтон да се сретне со ирачкиот премиер Нури ал-Малики, министерот за надворершни работи Хошијар Зебари и со командантот на американските сили во Ирак, генерал Рејмонд Одијерн.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град