Хилари Клинтон можен државен секретар во кабинетот на Барак Обама

Сенаторот Хилари Клинтон, која од Барак Обама ја загуби номинацијата на Демократската партија за претседателски кандидат на САД, може да стане државен секретар во неговиот кабинет.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hilari Obama
Хилари Обама

Сенаторот Хилари Клинтон, која од Барак Обама ја загуби номинацијата на Демократската партија за претседателски кандидат на САД, може да стане државен секретар во неговиот кабинет.

Канцеларијата на Клинтон, пак, соопшти дека одлуката за таквото назначување може да ја донесе само новоизбраниот претседател.

На поранешната прва дама на САД и истекува мандатот како сенатор на сојузната американска држава Њујорк.

Други можни кандидати за функцијата државен секретар се сенаторот Џон Кери, кој беше претседателски кандидат на демократите во 2004 година, демократот Сем Нон, поранешен претседател на Комисијата за вооружени сили во Сенатот, сенаторот републиканец Чак Хејгл, член на сенатската Комисија за надворешни односи и Бил Ричардсон, поранешен постојан претставник на САД во Обединетите нации за време на владеењето на Бил Клинтон.

Според британскиот весникот „Тајмс“ назначувањето на Хилари Клинтон за државен секретар би ги обединило демократите, но и би значело поагресивна американска политика.

Hilari ObamaКлинтон вчера од „приватни причини“ престојуваше во Чикаго, бастионот на Обама, а аналитичарите оценуваат дека ова патување означува нешто многу повеќе и нема само приватен карактер, односно значи разгледување на можноста за назначување на поранешната прва дама за државен секретар, пишува „Тајмс“.

Според весникот доколку тоа се случи ќе се надминат и последните разлики меѓу демократите, со оглед на тоа што повеќемина во партијата се уште не можат да му простат на Обама, поради тоа што не ја избра Клинтон за свој заменик-претседател, а на тоа место го именуваше Џо Бајден.

„Но доколку Клинтон стане државен секретар, тоа ќе значи дека САД ќе водат многу поагресивна надворешна политика“, нагласува весникот и додава дека поранешната прва дама, на пример не ја поддржуваше идејата за изработка на план за повлекување на американските сили во Ирак, за што се залага Обама.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top