Хамас им забранил на мажите да шишаат жени

Организацијата за човекови права во Газа соопштила дека исламистичкиот Хамас, кој владее со таа палестинска територија, им забранил на машките фризери да работат во женски салони за потстрижување.

 |  Маја Савиќ  | 
frizer
фризер

frizerОрганизацијата за човекови права во Газа соопштила дека исламистичкиот Хамас, кој владее со таа палестинска територија, им забранил на машките фризери да работат во женски салони за потстрижување. Палестинскиот центар за човекови права навел дека против пет машки фризери била покрената истрага, поради што тие морале да потпишат дека нема повеќе да работат во женски фризерски салони.

Мажите, кои шишаат жени, се ретки во конзервативната Газа, каде половите ретко се мешаат во јавноста.Ова е најновиот обид да се наметнат строгите прописи на исламистичките закони на подрачјето, каде што живеат 1,5 милиони луѓе. Во јули, лани, на жените, пак, им било забрането да пушат наргиле на јавни места, што како мерка била најнова од серијата органичувања и забрани што ги вовела владата на Хамас, а се однесувале исклучиво за жените.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top