Хакерите одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратиле повеќе од третина од украдените речиси 600 милиони американски долари, пренесува Ројтерс.
Хакерите одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратиле повеќе од третина од украдените речиси 600 милиони американски долари, пренесува Ројтерс.
Поли нетворк, децентрализирана финансиска платформа која посредува во „пиер ту пиер“ трансакции, објави вест дека е хакирана на Твитер, наведувајќи детали за дигиталните пари во кои биле испратени токените.
Вредноста на имотот во пари била нешто над 600 милиони американски долари во времето на објавувањето.
Поли нетворк подоцна ги повика хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси, наведувајќи дека планира да преземе правни чекори.
Компанијата за блокчејн форензика Чејналисис наведе дека се вратени околу 260 милиони долари во криптовалути.
„Хакерите наведоа дека грабежот го извеле за „забава“ и дека сакале да ја покажат ранливоста на платформата пред други да ја искористат“, наведоа од компанијата за блокчејн технологија Елиптик енд чејналисис.
Идентитетот на хакерите не е познат, а агенцијата Ројтерс не можела да ја провери автентичноста на информацијата.
Коосновачот на Елиптика, Том Робинсон, смета дека хакерите ги вратиле парите можеби и од причина што толкаво количество „тешко можат да исперат“.
Грабежот спаѓа меѓу најголемите во историјата на децентрализираните платформи за финансиски трансакции во криптовалути, надминувајќи го хакерскиот напад на платформата Коинчек со седиште во Токио во 2018 во кој беа украдени 530 милиони долари во биткоини.
Платформата Маунт Гокс пропадна во 2014 година по кражба во која беа украдени околу половина милијарда долари во биткоини.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град