Гувернерката Сара Пејлин поднесе оставка

Гувернерката на американската сојузна држава Аљаска Сара Пејлин поднесе оставка.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sarah Palin
Сара Пејлин

Пејлин, избрана од републиканскиот кандидат за претседател Џон Меккејн за кандидат за потпретседател на изборите минатата година, ја отстапи гувернерската функција на својот заменик Шон Парнел.
Во прошталното обраќање во Фербанкс таа предупреди дека не треба да се дозволува зголемување на улогата на државата. Пејлин ги повика жителите на Аљаска да се спротивстават на големата централна Владаа, имајќи ги предвид плановите на претседателот на САД Барак Обама за стабилизирање на економијата.

– Бидете будни, пред да ја прифатите великодушноста на Владата – таа не дава подароци, рече таа. Пејлин, меѓутоа, не откри какви се нејзините планови за во иднина.

Таа во почетокот на јули најави дека ќе се повлече од функцијата. Оттогаш се појавија претпоставките се нејзините можни амбиции да се бори за републиканската претседателска кандидатура на изборите во 2012 година.

Како главна причина за одлуката да поднесе оставка 17 месеци пред крајот на нејзиниот мандат, таа ги посочи финансиските последици од истрагите, покренати против неа по етичките жалби на локални законодавци, со кои претходно имала спорови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top