Грците го имаат лекот на иднината

Маслото за јадење ќе биде лек на иднината според истражување на Атинскиот универизтет, објави ЕРТ.

 |   | 
maslo
масло

Маслото за јадење ќе биде лек на иднината според истражување на Атинскиот универизтет, објави ЕРТ.

Тој заклучок е базиран на истражување на 150 видови масла за јадење од различни региони на Грција и Калифорнија во САД. Резултатите се соодветни на докази од грчкиот лекар, фармаколог и ботаничар Диоскуридис (40 – 90 пр.н.е.), за фармаколошките дејствија на масло за јадење од маслинки во стара Грција.

maslo

Според научници од Универзитетот, маслото за јадење има антиоксидантски својства, ги заштитува срцето и невроните.

Тоа се должи на состојките олеокантал со силно антивоспалително дејство и олеосин, најсилен антиоксиданс присутен во маслото за јадење.

Секој одделен вид масло за јадење се карактеризира со сопствен хемиски профил сличен на виното, наведува ЕРТ. Според научниците, не е далеку денот кога преработено масло за јадење ќе се најде во аптеките во Грција. Тоа е веќе факт во САД, наведува телевизијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top