Грците не го сакаат антихристот на своите лични карти

Православните фундаменталисти во неделата протестираа во Атина поради електронските лични карти на кои се наоѓа невидливиот „број на ѕверот“ од Книгата на откровението.

 |   | 
protest
протест

Кон средината на ноември Грчката православна црква официјално побара бројот 666, како симбол за антихристот во христијанската традиција, да не се појавува во биометриските лични исправи.
protest
Неколку илјади православни фундаменталисти маршираа во неделата низ центарот на Атина. Демонстрантите веруваат дека во дизајнот на личната карта се крие „бројот на ѕверот“ и тврдат дека државата се обидува да ја засили контролата над своите државјани. Поголемиот дел од протестантите беа лица на постара возраст, меѓу кои имаше стотина православни свештеници, монаси и монахињи, како и неколку членови на екстремните десничарски групи.

При преминот во информатички лични исправи, новата група биометриски лични карти треба да биде испечатена до почетокот на 2011 г. Грчката православна црква, која не е одвоена од државата, се противеше и на влегувањето на земјата во „шенген“ зоната, бар кодовите и компјутерската граничка контрола каде што се користеше бројот 666.

Иако често е критикувано од страна на либералните кругови како заостанато и суеверно учење, православната црква и понатаму се држи до верувањата поврзани со бројот 666.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top