Гранатиран центарот на Харков

„Изутринава беше нападнат централниот плоштад во нашиот град и седиштето на управата на Харков“, изјави гувернерот на тој регион, Олег Синегубов во видео на Телеграм. Тој објави снимки од експлозијата и додаде: „Руските окупатори и натаму употребуваат тешко вооружување против цивилното население.“ Синегубов ја обвини Русија за воени злосторства.

 |   | 

Во текот на ноќта украинските власти информираа за голема експлозија во Харков, во која загинале најмалку 11 луѓе. Руски тенкови и оклопни возила може да се видат „насекаде“ во градот, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов.

Советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија намерно гранатирала градови, вклучително и станбени области и цивилна инфраструктура, со цел да се шири паника меѓу Украинците.

Превезот падна. Русија активно гранатира центри на градови, врши директни ракетни и артилериски напади врз станбени области и административни објекти – рече советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак.

Според него, целта на Русија „е јасна – масовна паника, цивилни жртви и уништена инфраструктура“.

 Извор/DW

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top