Иако 60,6 отсто од излезените на референдумот ја поддржаа изградбата на нуклеарката Белене, сепак според официјалните податоци премалку за референдумот да биде обврзувачки.
Иако 60,6 отсто од излезените на референдумот ја поддржаа изградбата на нуклеарката Белене, сепак според официјалните податоци премалку за референдумот да биде обврзувачки.
Бугарската влада ќе го искористи мнозинството што го има во парламентот за да ја наметне својата одлука во оваа земја да не се гради нова нуклеарна централа, и покрај тоа што во неделата мнозинството Бугари што излегоа на референдумот, само еден месец пред националните избори, се изјаснија за, проценуваат аналитичарите.
Затоа конечната одлука ќе ја донесе парламентот, во кој доминираат коалициските партнери на десно ориентираниот премиер Бојко Борисов.
Бугарските сојузници во Брисел и Вашингтон се противат на проектот за нова нуклеарна централа бидејќи стравуваат дека тоа дополнително ќе ја засили економската и политичката зависност од Русија, откако Москва понуди да ја финансира изградбата на Белене, која би ѝ била дадена на руската компанија Атомстројпроект, тврди агенцијата.
Во вчерашното обраќање до странските инвеститори, премиерот Борисов, кој проектот „Белене“ го отфрлил поради „превисоките трошоци и отсуството на интерес на западните инвеститори“, ги потврдил плановите наместо Белене да се изгради уште еден реактор во постојната бугарска нуклеарка Козлодуј и работниот век на двата постојни реактори да се продолжи до 2030 година.
Референдумот покажал пад во довербата на гласачите во Борисов, поранешен телохранител, кој на власт дојде во 2009 година, ветувајќи пресметка со корупцијата и организираниот криминал, но имаше малку успех на тој план. Неговата популарност паѓа и поради мерките на штедење и големата стапка на невработеност.
Партијата на Борисов, ГЕРБ, според најновите анкети, и понатаму води во поддршката на гласачите со 24 отсто, но социјалистите опасно се приближуваат со 20 отсто.
Социјалистите ветуваат дека, доколку победат на изборите, ќе продолжат со проектот за нуклеарката Белене, која, според нив, ќе го подобро домашното стопанство, ќе ја намали цената на струјата и ќе отвори нови, добро платени работни места.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град