Во најновиот напад со Гугл бомба, по впишување на францускиот термин за “шупак”, Trou du Cul, прв на листата од добиени резултати се појавува линк од Фејсбук профилот на Николас Саркози.
Во најновиот напад со Гугл бомба, по впишување на францускиот термин за “шупак”, Trou du Cul, прв на листата од добиени резултати се појавува линк од Фејсбук профилот на Николас Саркози.
Францускиот претседател е жртва на т.н. “Гугл бомба”, која се “активира” на тој начин што илјадници интернет корисници го линкаат терминот до сајтот за да го натераат Гугл да го стави на првото место од листата со добиени резултати.
Најверојатно на овој начин илјадници блогери му се одмаздиле на Саркози за депортацијата на Ромите и пензиските реформи и тоа во истиот ден кога стотици илјади Французи организираат демонстрации во повеќе од 100 градови низ земјата.
Првата Гугл бомба беше фрлена во 1999-та година, кога терминот “more evil than satan himself” (поголемо зло од сатаната), водеше до страната на Микрософт.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град