Снежно невреме на југот на САД

Снег на југот и дождови на североистокот на САД предизвикаа прекин на сообраќајот, додека над милиони домаќинства останаа без струја.

 |  Крсте Голабовски  | 
Luisiana
Луизијана

Снег на југот и дождови на североистокот на САД предизвикаа прекин на сообраќајот, додека над милиони домаќинства останаа без струја.

Снежната покривка која прекри делови на Луизијана и Мисисипи, на некои места изнесуваше дури 20 сантиметри.

Во Мисисипи некои училишта се затворени, а условите за возење се отежнати.
Снегот во најголемиот град во Луизијана, Њу Орлеанс, прв во повеќе од четири години, предизвика големо возбудување меѓу граѓаните, кои масовно излегуваа на улиците и фотографираа.

sneg Околу 10.000 домаќинства ширум Луизијана останаа без струја, а некои летови на аеродромот Луис Армстронг, во близина на Њу Орлеанс, доцнеа.

Во меѓувреме, на североистокот на земјата, бура проследена со поројни дождови остави без струја над милион домаќинства и деловни објекти.
Гувернерите на Њу Хемпшир и Масачусетс, држави кои, покрај Њујорк и Мејн, најтешко се погодени од бурата, прогласија вонредна состојба.
Пожарникарите во Њу Хемпшир одговарале на повици кои се однесувале на експлозија на трансформатори, паднати далекуводи и дрва.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top