Голема количина на експлозив запленета во Албанија

Албанската полиција извести дека запленила голема количина на експлозив, а притоа биле уапсени познати криминалци и бил одземен целиот арсенал на оружје.

 |   | 

Албанската полиција извести дека запленила голема количина на експлозив, а притоа биле уапсени познати криминалци и бил одземен целиот арсенал на оружје.

Полицијата заплени 4,6 килограми експлозив во Драч и уапси три лица, информираат истражните органи во Албанија.

Oттаму објаснуваат дека заплената на експлозивот се случила во акција чија цел била спречување на трговијата со оружје и луѓе, а покрај експлозив биле запленети и три гранати, еден калашников, четири мобилни телефони, пет детонатори и едно возило, пренесуваат албанските медиуми.

Се наведува дека еден од уапсените, маж од Тирана, веќе и бил познат на полицијата поради нелегално поседување на оружје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top