На Чиово во Хрватска гори силен пожар, а огнот се распламтел кај заливот Дубока, околу пладне.
Како што јавуваат хрватските медиуми, пожарот го гасат 90 пожарникари со 27 возила.
Гори ниска сува трева и грмушки, а во гасењето учествуваат и хеликоптер и канадери. Мештаните јавуваат дека чадот и пепелта стигнале до плажата, која е преполна туристи.
„Пепел лета во воздухот, канадерите се над нашите куќи и нималку не ни е сеедно“, вели една читателка за Индекс.хр.
Засега куќите не се загрозени, но пожарот се проширил на боровата шума и на маслинките.
Од окружните пожарникарски станици велат дека гори и на друго место, а ни еден од пожарите не е под контрола.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град