Главен град на светот е Лондон

Критериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града.

 |   | 
london
Лондон

londonКритериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града.  На второ место со 21 поен се наоѓа Њујорк, а третото место го делат Токио и Вашингтон со 17 поени. По нив следуваат Шангај, Мексико, Пекинг, Бомбај и Делхи. Вториот по големина австралиски град Мелбурн е најдоброто место за живеење во светот, според листата во која влегуваат 140 града. По него се Виена и Ванкувер. Во првата десетка се уште два австралиски града – Порт и Аделаида. Кон нив спаѓаат уште и Торонто и Калгари, Хелсинки и Оукленд.  Авторот на проучувањето, Џон Коупстејк одбележува дека Ванкувер го изгубил првото место, прв пат после десет години. Австралија со ниската населеност и релативно ниско ниво на криминал, продолжува да нуди градови каде најдобро се живее, посочува тој .

„Покрај тоа што цената на животот се зголемува, заради скапиот австралиски долар, овие градови нудат редица фактори, кои ги прават привлечни“, дополнува тој. Градовите се оценети на база на политичка и социјална стабилност, ниво на криминал, достап до квалитетно здравство, културен живот, околна средина, инфраструктура и обука. На дното на листата се главните градови на Папуа Нова Гвинеа – Порт Морсби, на Бангладеш – Дака, и на крај е Хараре – главниот град на Зимбабве.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top