Германската младина не знае за Аушвиц

Секој петти млад Германец не знае дека Аушвиц бил нацистички логор на смртта, покажала една анкета објавена два дена пред светскиот Ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.

 |   | 
holocaust
holocaust

Секој петти млад Германец не знае дека Аушвиц бил нацистички логор на смртта, покажала една анкета објавена два дена пред светскиот Ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.

holokaust

Иако 90 отсто од испитаниците знаеле дека Аушвиц бил концентрационен логор, анкетата спроведена за најновото издание на германскиот магазин “Стерн“ покажала дека Аушвиц не значи ништо за 21 отсто од Германците, на возраст од 18 и 29 години.

Скоро една третира од 1.002 учесници во анкетата, спроведена минатата недела, не знаеле дека Аушвиц се наоѓа во денешна Полска.

Истражувањето било спроведено пред годишнината од ослободувањето на Аушвиц на 27-ми јануари 1945 година, датум кој Германија од 1996 година го одбележува како ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Според извештајот на независна експертска комисија во Бундестагот, објавен на почекот на оваа неделa, секој петти Германец скриено е антисемитски расположен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top