Германските банки создале профит од кризата во Грција, изјавил потпретседателот на грчката влада Влада Теодорос Пангалос, во време кога Атина очекува помош од владата во Берлин за решавање на проблемот со големите јавни долгови.
“Зад ставот на Германија стои одлуката за поврзаност на вашите партнери и пријатели и дека ќе се дозволи монетарните и кредитните институции да учествуваат во таа жалосна игра, за луѓето во Германија да остварат профит“, изјавил Пангалос на инвестицискиот форум во Атина.
Тој додал дека земјите од јужна Европа ги трпат штетите од падот на еврото, додека германскиот извоз од тоа се зголемува.
Германија ги вознемирила некои од европските партнери противејќи се на ЕУ да им пружат помош на Грција за време на големата криза.
Германската канцеларка Ангела Меркел на грчкиот премиер му рекла дека ЕУ се спрема да го направи она што е неопходно за да ја сочува стабилноста на еврозоната.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град