Бројот на регистрирани нови инфекции со коронавирус во Германија првпат ја премина границата од 200.000, кај Институтот Роберт Кох се пријавени 203.136 нови случаи во рок од 24 часа. Седумдневната инциденца се искачи на 1017,4.

На 27 јануари 2020 година првпат беше потврдена инфекција со Ковид-19 кај човек од Баварија, а оттогаш досега се регистрирани преку девет милиони заразени, повеќе од 117.000 починаа од или поврзано со коронавирус.
Од крајот на декември во Германија започна вакцинацијата против коронавирус, речиси три четвртини досега добиле најмалку една доза, а близу половината население и трета доза вакцина.
Како решавачко мерило за заострување на епидемиолошките мерки се смета и бројот на хоспитализации, колку луѓе на 100.000 жители се наоѓаат во болница поради корона вредноста моментално изнесува 4,26 и бележи благ пораст.
Но, сѐ позачестено се јавува за позитивен тест кај луѓе кои всушност во болница биле примени поради други здравствени проблеми. Весникот „Билд“ го истакнува примерот со покраината Сар, каде во изминатите две недели само секој четврти пријавен корона пациент фактички лежел во болница поради Ковид-19, додека во декември лани беше секој втор пациент.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град