Германците сакаат Грција да биде исфрлена од еврозоната

Мнозинството Германци сметаат дека Грција треба да биде исклучена од евро зоната, покажуваат најновите истражувања.   Според истражувањето, 58 отсто од Германците сметаат дека, доколку е потребно, ЕУ треба да ја исклучи Грција од еврозоната.

 |  Маја Савиќ  | 
Berlin
Берлин

EU parlamentМнозинството Германци сметаат дека Грција треба да биде исклучена од евро зоната, покажуваат најновите истражувања.   Според истражувањето, 58 отсто од Германците сметаат дека, доколку е потребно, ЕУ треба да ја исклучи Грција од еврозоната.

Истражувањата покажуваат дека две-третини од Германците се противат на идејата за кредитирање на Грција во висина од неколку милијарди евра.

Планираното кредитирање на Грција наиде на противење и во германската влада, а и експертите сметаат дека економското закрепнување на самата земја е проблематично.

Заменик претседателот на конзервативците Мајкл Фучс смета дека Грција треба внатрешно да ги реши проблемите алудирајќи на дарежливиот пензиски систем во Грција кој дозволува пензионирање на 63 години наспрема пензискиот систем во Германија каде границата е 65 години.

Лидерите на ЕУ минатата недела и изразија поддршка на Грција, но не дефинираа конкретни чекори за помош, а министрите за финансии на ЕУ во наредните денови повторно ќе разговараат за грчкиот проблем.

Грција се соочува со огромен буџетски дефицит и должничка криза, што предизвика разбранување и несигурност во еврозоната.

Германија минатата година се соочи со најголемата рецесија по Втората светска војна, а економските показатели покажуваат дека германската економија се уште се соочува со проблеми.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top