Во резолуцијата, усвоена со големо мнозинство синоќа, Генералното собрание настојува за безусловно почитување на резолуцијата 1860 на Советот за безбедност од 8 јануари.
Во резолуцијата, усвоена со големо мнозинство синоќа, Генералното собрание настојува за безусловно почитување на резолуцијата 1860 на Советот за безбедност од 8 јануари.
Текстот појаснува дека тоа го вклучува упатениот повик за неодложно воведување на трајно и целосно запирање на огнот, кое што ќе води до целосно повлекување на израелските сили од Газа и слободно распределување хуманитарна помош во Појасот Газа.
Резолуциите на Генералното собрание немаат задолжителен карактер.
Претседателот на Генералното собрание Мигел д’Еското изјави дека резолуцијата е усвоена со 142 гласови „за“, шест „против“ и осум воздржани, но ревидираниот резултат од пребројувањето, објавен еден час подоцна, покажа 142 гласа „за“, три „против“ (САД, Израел и Науру) и девет воздржани.
Текстот е компромис, договорен по повеќечасовни дебати, од името на Палестина, од Египет во согласност со Европската унија.
Група земји, меѓу кои Сирија, Иран, Венецуела, Индонезија и Малезија, се обидоа да наложат поцврста формулација, која настојува за „неодложно и безусловно повлекување на изарелските сили од Газа“.
Во меѓувреме, израелски владин претставник изјави дека Кабинетот за безбедност ќе гласа до вечер за едностран прекин на огнот и оти израелските сили ќе останат во Газа по стапувањето во сила на прекинот на огнот, чие траење не беше прецизирано.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град