Фукушима конечно ставена под контрола

Јапонската влада денес соопшти дека девет месеци по земјотресот и цунамито, нуклеарната централа Фукушима е доведена во стабилна состојба на “ладно гасење“.

 |   | 
fukushima
fukushima

Јапонската влада денес соопшти дека девет месеци по земјотресот и цунамито, нуклеарната централа Фукушима е доведена во стабилна состојба на “ладно гасење“. Сега може да започне макотрпниот, 40 годишен процес на рушење на нуклеарката и деконтаминација на областа.

fukushima

Инаку “состојба на ладно гасење“ значи дека температурата на водата со која се лади горивото во реакторот е под точката на вриење. Оваа состојба во Фукушима е постигната уште во септември, но инжењерите не сакале да избрзуваат поради повремените флуктуации на температурата на водата.

Катастрофалниот земјотрес и цунамито кои го погодија источниот брег на Јапонија на 11 март однесоа повеќе од 20 илјади животи. Тогаш беше оштетен и системот за ладење на нуклеарката Фукушима, што доведе до топење на јадрото на реакторот и најголем нуклеарен инцидент по Челнобил во 1986 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top