Фрлање со чевли по светски лидери стана тренд

Курдски активист се обидел да го погоди премиерот на Турција, Реџеп Таир Ердоган, но чевелот завршил на друго место.

 |  Маја Савиќ  | 
Redzep Taip Erdogan
Реџеп Таип Ердоган

Redzep Taip ErdoganКурдски активист се обидел да го погоди премиерот на Турција, Реџеп Таир Ердоган, но чевелот завршил на друго место.

Фрлањето чевли во знак на несогласување со политиката која ја водат светските лидери стана тренд. Нова мета на фрлач на чевли стана и премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Курдски емигрант во Шпанија фрлил чевел врз Ердоган за време на неговата посета на шпанскиот град Севиља, јави турската телевизија Хабер Турк.

„Да живее Курдистан!“, извикал емигрантот при својот триумфален напад со чевел врз премиерот Ердоган по завршувањето на церемонијата на која Ердоган добил награда од локалната фондација НОБО за придонес во развојот на дијалогот помеѓу религиите.

Чевелот за среќа не го погодил премиерот Ердоган, а курдскиот активист бил веднаш уапсен од полицијата.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top