Француските земјоделци се самоубиваат

Во Франција се повеќе земјоделци си го одземаат животот. Бројот на самоубиства е дури три пати поголем од оној на луѓето кои работат во канцеларија. Во Франција секоја годинa си го одземаат животот околу 400 фармери.

 |  Маја Савиќ  | 
francuski farmer
француски фармер

francuski farmerВо Франција се повеќе земјоделци си го одземаат животот. Бројот на самоубиства е дури три пати поголем од оној на луѓето кои работат во канцеларија. Во Франција секоја годинa си го одземаат животот околу 400 фармери.

Животот на фармерите е се само не идиличен. Тој подразбира макотрпна работа од утро до вечер.
И осаменоста е една од причините поради кои француските фармери се одлучуваат да му стават крај на својот живот. Од оваа причина и доаѓа до опустошување на селата. Имено, околу 300.000 фарми со крави и овци исчезнале во последниве години во Франција. На ова се надоврзува и притисокот врз фармерите да не го оставаат семејното наследство.

Во некои региони како Покарди, во северна Франција на пример, беа воспоставени телефонски линии за итни случаи. Кога некој фармер ќе се најде во безизлезна состојба или под огромен стрес, може да се јави на телефонскот број, што работи 24 часа и ќе добие психолошка помош.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top