Француските конзервативци денес „на барикадите“

Француските конзервативци протестираа против либералната Влада. На вчерашниот марш низ Париз и Лион илјадини лица го искажаа своето незадоволство од нови закони со кои се намалуваат рестрикциите за абортуси и геј бракови.

 |  Голабовски Крсте  | 
protesti
протести

Француските конзервативци протестираа против либералната Влада. На вчерашниот марш низ Париз и Лион илјадини лица го искажаа своето незадоволство од нови закони со кои се намалуваат рестрикциите за абортуси и геј бракови.

Насобраните го обвинуваат кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд за „фобија од семејства“.Полицијата во главниот град на Франција процени дека околу 80.000 лица учествувале на протестите. Организаторите, пак, тврдат дека бројот на присутни е значително поголем, посочуваат дека имало над 100.000 протестанти.

protesti„Семејството е основната вредност на општеството”, е мотото на протестите на кои повеќето демонстранти беа семејства од средната класа, некои дури и туркаа мали деца во колички.

Овие протести се одржуваат една седмица по антивладините протести кои завршија со судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што беа приведени повеќе од 200 луѓе, а околу дваесетина луѓе, меѓу кои, и полицајци беа повредени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top