Франција си оди од шенген зоната?

Францускиот претседател Никола Саркози се закани дека ќе се повлече од Шенген зоната.

 |   | 
Nikola Sarkozi
Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози се закани дека ќе се повлече од Шенген зоната доколку не се преземат построги мерки за сопирање на нелегалната имиграција. За време на говорот во Париз, кој е дел од предизборната кампања, претседателот изјави дека реформите се единствениот начин да се избегне „имплозијата“ на Европа, пренесува Би-би-си.

terminalТој кажа дека доколку не се постигне напредок во следните 12 месеци, Франција ќе го суспендира учеството во Шенген договорот.
Договорот овозможува слободно патување, без пасош, меѓу 25 европски нации. Нелегалната емиграција е едно од главните прашања во предизборната трка за нов претседател на Франција.

Минатата недела Саркози изјави дека во Франција има премногу странци – и вето дека ќе го преполови бројот на емигранти кои влегуваат во државата доколку биде реизбран.Првиот круг на изборите е закажан за 22 април. Саркози во моментов заостанува зад кандидатот на Социјалистите, Франсоа Оланд.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top