Станува збор за групата “Скрипт кидис“ која на овој начин се вклучи на глобалната хакерска акција “Антисек“ која трае околу еден месец и чија цел е борба против корупцијата во светските влади и корпорации.
До сега хакерската група нападнала различни интернет страници и објавувала лични податоци на корисниците, ги поддржувала протестите во Грција, а за нивен најголем успех се смета објавувањето на лични податоци на полицијата од Аризона.
На интернет, вчера се рашири и уште една интересна информација – хакерите пронашле безбедносен пропуст во софтверот на “Ејпл“ па пристапиле на нивниот сервер од кој извлекле имиња и лозинки на администраторите, но се чини дека не се откриени никакви кориснички податоци.
Хакерите на “Твитер“ објавиле дека Стив Џобс и неговиот тим немаат причини за грижа затоа што моментално се зафатени со други работи па повеќе нема да ’копаат’ по серверот на “Ејпл“. Од таму не сакаат да ги коментираат овие информации, па сеуште не е познато дали се вистинити.
Со оглед на милионите корисници на уредите на “Ејпл“ кои ги довериле своите лични податоци на компанијата јасно е колкав ќе биде хаосот кога тие податоци би стигнале во погрешни раце.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град