ФОТО: Тепачка во италијанскиот парламент

Во парламентот на Италија синоќа дојде до жестока дебата за реформите на пензискиот систем, која кулуминираше со тепачка.

 |   | 
tepacka
tepacka

Наместо за работа италијанските пратеници се фатија за гуша, и тоа буквално.
tepacka
Пратениците расправаа за предложените реформи на пензискиот систем и барањето за подигнување на старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години, по што тие почнаа да си разменуваат навреди и тупаници преку пратеничките клупи.
tepacka
Страстите најмногу се разгореа кога еден од пратениците на Северната лига, која е дел од владејачката колиција во земјата, побара оставка од спикерот на парламентот Џанфранко Фини поради тоа што во едно интервју на телевизија, со доза на сарказам рекол дека сопругата на лидерот на Северната лига се пензионирала на 39 години.

Имено Италија се наоѓа во незавидна положба да прифати тешки реформи наложени од Европската Унијата, или во спротивно ја чека истата судбина како и таа на Грција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top