Рускиот, а не американскиот претседател, е највлијателниот човек во светот.
Рускиот, а не американскиот претседател, е највлијателниот човек во светот.Ова го покажала анкетата на магазинот „Форбс“ спроведена за оваа година, каде Владимир Путин е прв на листата од 72-ца државници, бизнисмени и филантропи. Според уредниците на „Форбс“, позицијата на Путин годинава е поради лошата фаза во која во последно време се наоѓа Обама, но и зацврстувањето на позицијата на Русија на меѓународната сцена.
На третото место е кинескиот претседател Кси Џинпинг, а потоа следуваат Папата Франциско и германската канцеларка Ангела Меркел, која е најмоќната жена на светот.
Нови имиња на оваа листа годинава се јужнокорејскиот премиер и премиерот на Јапонија, а најмлади се сопственикот на Фејсбук Марк Цукерберг, на 24-то место, и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, на 46-то место на листата од 72-цата најмоќни луѓе на светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град