“Фајненшел тајмс“: Вулканската криза е „ветар во магла“

Недоволно прецизните компјутерски софтвери претерале со опасноста од вулканскиот пепел што го парализира воздушниот простор на Европа. Со тоа направиле штета од стотици милиони евра, пишува британскиот весник “Фајненшел тајм“.

 |  Маја Савиќ  | 
vulkan
вулкан

vulkanНедоволно прецизните компјутерски софтвери претерале со опасноста од вулканскиот пепел што го парализира воздушниот простор на Европа. Со тоа направиле штета од стотици милиони евра, пишува британскиот весник “Фајненшел тајм“.

Според наводите на весникот компјутерските програми за пресметување на опасноста од пепелта биле засновани на нецелосно научни податоци, на основа на која европски официјални лица реагирале погрешно.

Повикувајќи се на претставници од Европската унија “Фајненшел тајмс“ пренесува компјутерските софтвери биле засновани на несовршени алгоритми, незавршени научни истражувања и на ограничена количина информации.

Генералниот директор на организацијата на ЕУ за прашања за сообраќај Матијас Рут компјутерските програми ги нарекол “црни дупки“. Тој посочил дека има сомневање за одговорите на прашањата колку концентрацијата на вулканскиот пепел претставува опасност за авионите и со која брзината истиот се таложел во атмосферата.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top