„Фијат“ ќе прави фабрика за делови во Индија

Италијанската автомобилска компанија Фијат планира до 2010 година од Индија да направи важен центар за производство на делови.

 |  Крсте Голабовски  | 
Fiat
Фиат

Италијанската автомобилска компанија Фијат планира до 2010 година од Индија да направи важен центар за производство на делови.

Fiat„Наша цел е од Индија да направиме важен набавен центар“, изјави Франко Кавалоти, заменик претседател за набавки во групацијата Фијат.

Според него, се планира до 2010 година од Индија да се набавуваат делови во вредност од една милијарда долари.

Се очекува Индија да покрива пет отсто од вкупните глобални потреби на компанијата за делови.

Фијат оваа година планира набавка на делови во вредност од 450 милиони долари. Од наведените милијарда долари, делови во вредност од 700 милиони долари ќе бидат наменети за Фијат Индија автомобили, заедничка компанија на Фијат и индиската Тата моторс, додека остатокот ќе биде наменет за извоз.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top