„Фиат“ официјално ја купи „Застава“

Италијанскиот производител на автомобили “Фиат” потпиша договор со српската влада за купување на автомобилски фабрика “Застава”, откако ја плати првичната сума од 100 милиони евра, соопшти радио Б92.

 |  Голабовски Крсте  | 
договор
dogovor

Италијанскиот производител на автомобили “Фиат” потпиша договор со српската влада за купување на автомобилски фабрика “Застава”, откако ја плати првичната сума од 100 милиони евра, соопшти радио Б92.

direktori“Фиат” ќе поседува 67 отсто од компанијата, а српската влада – останатите 33 отсто. Фабриката “Застава” се наоѓа во Крагуевац и е со производствен капацитет од 200 илјади автомобили годишно. Се очекува италијанскиот автомобилски гигант да плати уште 100 милиони евра во 2010 година.

Договорот во среда го потпишаа потпретседателот на “Фиат”, Алфредо Алтавила и српскиот министер за економија Млаѓан Динкиќ.

Документот е дел од претходниот договор вреден 700 милиони евра, што “Фиат” и српската влада го потпишаа минатата година, а чие спроведување се одложи поради глобалната економска криза.

Со него се предвидува од 2011 година да започне производство на два нови модели на “Фиат”, кои ќе бидат понудени на европскиот и американскиот пазар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top