Фејсбук ги брише анти-ваксерските кампањи

Фејсбук избриша илјадници профили кои биле вклучени во анти-ваксерски дезинформативни кампањи, кои оперирале од Русија, пренесува Би-Би-Си.

 |   | 

Од компанијата тврдат дека тие блокирале страни од Индија, Јужна Америка и од САД.

Фејсбук групите пробале да регрутираат инфлуенсери за да шират лажни информации кон јавноста околу Ковид-19 вакцините.

Во последниот извештај на Фејсбук, тие изјавија дека ја пронашле врската помеѓу мрежата и лажните информации кои ги ширеле кампањите од инфлуенсерската маркентинг агенција „Фазе“, која е дел од руската компанија АдНау.

Би-Би-Си пренесува дека во мај, на многу инфлуенсери им биле понудени пари од „Фазе“ за да шират лажни информации околу вакцината Фајзер.

Од Фејсбук велат дека агенцијата „Фазе“ е блокирана од нивната платформа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top