Фатени дивите животни во Охајо, останува уште мајмунот

Полицијата во американската сојузна држава Охајо обајвила дека во најголема мера ја завршила потрагата по езготичните диви животни кои побегнале од фарма во Занесвил.

 |   | 
farmata
farmata

Полицијата во американската сојузна држава Охајо обајвила дека во најголема мерка ја завршила потрагата по езготичните диви животни кои побегнале од фарма во Занесвил.

Побегнале вкупно 56 животни, а властите убиле 49 од нив, односно 18 тигари, девет лавови, осум лавици, шест мечки, три пуми, две гризли, два волка и еден бабун.

Шест од животните ги фатиле живи и ги сместиле во зоолошка градина. На слобода се наоѓа уште еден мајмун кој е опасен бидејќи е болен,а полицијата вели дека мајмунот може да убие и други животни.

Тери Томсон (62), сопственик на фармата, се сомничи дека ги пуштил животните на слобода, а потоа извршил самоубиство.

Исплашените жители на Охајо биле во паника бидејќи гледале како дивите животно слободно шетаат наоколу.

Полицијата им наредила да останат во своите домови, а околу фармата направиле сигурносен кордон.

На фармата пристигнала и сопругата на Томсон, која ја молела полицијата да не ги убива животните. Нивните блиски пријатели велат дека брачниот пар сакал диви животни, но Тери имал некои проблеми со законот. Неодамна излегол од затвор во кој бил заради илегално поседување на оружје. Наводно и неговата сопруга била осудувана.
farmata
Соседите, неколку пати заради животните, испраќале инспекција на фармата. Инспекцијата секој пат утврдувала дека сопствениците на животните им ги обезбедуваат сите потребни услови.

Сопственикот на фармата илегално ги купувал животните , а неофицијално во еден момент чувал и животни кои претходно му припаѓале на Мајк Тајсон.

Здружението за заштита на животните ги критикувале полицајците бидејќи ги убивале животните, а тие се бранеле дека немаат друг избор во заштита на населението од дивите животни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top