Хидротераписки фитнес центар за кучиња во Унгарија, хип-хоп лабораторија во Лион и турнеја на танчерска група која игра “Танц на смрдливи нозе”, се само дел од тотално бесмислените проекти на кои Европската Унија потрошила милиони фунти од своите фондови.
Деталите протекле на седницата на Отворена Европа, еден ден откако Европскиот Парламент нерадо го одби предлогот за 6 процентно зголемување на буџетот, кој сега изнесува 88 милијарди фунти.
Првото место на листата со 50 примери за залудно потрошени пари на европските даночни обврзници, се најде унгарскиот проект од 350.000 фунти за изградба на фитнес центар за подобрување на животниот стандард на кучињата. Парите биле доделени пред 1 година а изградбата сè уште не почнала.
Околу 4,5 милиони фунти биле потрошени за лимузини за европарламентарците во Стразбур и тоа само за 2009-та година. Сите возачи морале да потпишат клаузула со која гарантираат апсолутна дискреција.
“Буџетот на ЕУ е нерационален, премногу сложен и безнадежно заостанат. Огромни пари се фрлаат на проекти кои на никој начин не помагаат европската економија да се врати во својот колосек. Не смее да се преговара за зголемување на буџетот, сè додека не се решат проблемите со залудното трошење”, порачал директорот на Отворена Европа, Метс Персон.
Во Британија, илјадници фунти наменети за субвенции за фармерите, биле искористени за изградба на терени за голф, ловечки клубови и центри за мото спортови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град