ЕУ знае како да излезе на крај со економската криза

Европската унија има „доктрина“ како да се спротивстави на сегашната финансиска криза, изјави синоќа францускиот министер за финансии Кристин Лагард, по состанокот на министрите за финансии на 27-члениот блок во Луксембург.

 |  Крсте Голабовски  | 
Angela Merkl Nikola Sarkozi
Angela Merkl Nikola Sarkozi

Европската унија има „доктрина“ како да се спротивстави на сегашната финансиска криза, изјави синоќа францускиот министер за финансии Кристин Лагард, по состанокот на министрите за финансии на 27-члениот блок во Луксембург.

Легард укажа дека министрите за финансии на ЕУ на синоќешниот состанок се согласиле околу повеќе принципи врз основа на кои во цела Европа би требало да се обезбеди помош за банките, со цел владите да не ги решаваат проблемите изолирано.
Меѓу принципите по кои државите на ЕУ би требало да се раководат при решавање на проблемите на финансиските пазари, се наведува и обврската дека интервенциите мора да бидат благовремени и оти помошта мора временски да се ограничи, како и оти државите внимателно да ги следат интересите на даночните обврзници.

Во принципите се вклучува и тоа дека сегашните сопственици на финансиски институции треба да ги сносат последиците на интервенцијата и на владите да им биде овозможено да можат да го променат менаџментот на колапсните финансиски институции.   

Нагласено е дека раководствата на проблематичните банки не треба да добиваат несоодветни отпремнини, врз кои владите, исто така би требало да имаат влијание.
Последните два принципи ја опфаќаат и обврската за заштита на конкуренцијата на финансискиот пазар, посебно со помош на правилата за државна помош, како и оти би требало да се забранат негативните влијанија кои финансиската помош во една земја може да ги има на развојот на ситуаијата во друга.

Nacionalna banka SAD„Се согласивме дека јавните интеревенции мора да бидат на национално ниво преземани во координација со останатите членки на ЕУ“, се наведува во заклучоците од луксембуршкиот собир.

Министрите за финансии на ЕУ исто така нагласија дека на прво место се интересите на даночните обврзници и на малите штедачи. – Многу е важно сега да ги штитиме штедачите, а не тие кои ги водат финансиските институции, нагласи француската министерка.
Владите поради тоа, како што е заклучено, би требало да ги контрлираат отпремнините за менаџерите на проблематичните банки.

Министрите за финансии на ЕУ исто така соопштија дека државната помош за банките не би требало да ги доведе во подредена положба фирмите во чија корист владите не интервенирале.
Министрите за финансии ќе ги продолжат преговорите на вонредно заседание идниот вторник во Брисел.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top