ЕУ ќе состави „црна листа на аеродроми“

Министрите за внатрешни работи на ЕУ размислуваат да предложат план за зајакнување на контролата на товарот кој се пренесува со авиони.

 |  Маја Савиќ  | 
avion
авион

aerodromМинистрите за внатрешни работи на ЕУ размислуваат да предложат план за зајакнување на контролата на товарот кој се пренесува со авиони. Планот вклучува формирање на црна листа на аеродроми кои се надвор од ЕУ за кои ќе се оцени дека немаат соодветни безбедносни мерки.
Во планот е вклучена и специјална контрола на „сомнителни пратки“ како што беа матријалите од Јемен упатени на еврејските организации во Европа и САД.  Доколку се усвои планот, тоа ќе биде прв пат ЕУ да усвои така наречена „црна листа на аеродроми“. Унијата веќе има таква листа на странски авиокомпании. На неа се наоѓаат 278 компании од 7 земји.

Причина за оваа мерка е тоа што минатиот месец Велика Британија и Обединетите арапски емирати пресретнаа два пакета бомби на своја територија, испратени од Јемен за две синагоги во Чикаго.

Минатата недела имаше слични неуспешни случаи на испраќање мали бомби од Грција до европски и грчки политичари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top