Украинските сили за безбедност утрово разбија барикади поставени од демонстранти во Киев, по што почнаа нови судири, а активистите тврдат дека било убиено едно лице.
Украинските сили за безбедност утрово разбија барикади поставени од демонстранти во Киев, по што почнаа нови судири, а активистите тврдат дека било убиено едно лице.
Полицијата во утринските часови по локално време почна да растура барикади и да апси демонстранти поради што избија нови судири. Демонстрантите фрлаат со Молотови коктели врз полицијата која одговара со солзавец и шок-бомби.
Досега се приведени неколку лица, јавуваат локални медиуми. Медицинската служба на украинското протестно движење во Киев соопшти дека еден демонстрант врз кого пукала полицијата од снајпер бил убиен.
Премиерот на Украина Микола Азаров синоќа изјави дека украинските власти нема да имаат друг избор освен да употребат сила доколку „провокаторите“ не престанат да поттикнуваат судири.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град