ЕП решава за Баросо

Европскиот парламент се очекува денеска повторно да го избере Жозе Мануел Баросо за втор мандат на најважната функција во Европската унија – претседател на Европската комисија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jose Manuel Barosso
Хозе Мануел Баросо

Европскиот парламент се очекува денеска повторно да го избере Жозе Мануел Баросо за втор мандат на најважната функција во Европската унија – претседател на Европската комисија.

Jose Manuel BarossoПо изборот на новиот парламент по изборите во јуни многу партии го критикуваа бившиот португалски премиер особено во врска со дејствијата за надминување на економската криза, но досега не се е појавил друг кандидат за местото.

На крајот од кампањата во Стразбур Баросо вчера успеа да осигура поддршка на околу 400 од вкупно 736 пратеници, што е повеќе од доволно, за да си обезбеди нов петгодишен мандат, јави АФП.

Баросо е единствениот официјално објавен кандидат за раководното место во ЕУ.

Поддршката од конзерватиците на Баросо никогаш не била ставена под прашање, сомневањата се околу гласовите од социјалистите, втората по големина група во ЕП, додека Зелените се отворено против неговиот реизбор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top