ЕП ќе расправа за слободата на медиумите во Италија

Европскиот парламент(ЕП) денеска ќе расправа за загрозувањето на слободата на медиумите во Италија.

 |  Крсте Голабовски  | 
EP
ЕП

Европскиот парламент(ЕП) денеска ќе расправа за загрозувањето на слободата на медиумите во Италија.
EPОдлуката на ЕП беше донесена и покрај противењето на пратениците на десницата, а две политички групи побараа усвојување на европски закон со кој би се заштитил плурализмот на медиумите.

Пратениците на десницата, кои ја сочинуваат најголемата група во Европскиот парламент, вчера претрпеа два пораза.

Најпрво, европарламентарците го отфрлија барањето на десницата да не се одржи расправа за слободата на медиумите во Италија планирана за денеска. Потоа, пратениците од редовите на десницата не успеаја да спречат гласање на резолуцијата по ова прашање, што треба да се случи на 19.октомври.

Овие две одлуки се удар за италијанскиот премиер Силвио Берлускони, кој се обиде да направи си што е можно Европа да не се меша во неговите работи.

Две политички групи, Зелените и Сојузот на демократи и европски либерали, вчера соопштија  дека имаат намера да побараат усвојување на европски закон за да се заштити плурализмот на медиумите во Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top