Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала го погоди Еквадор, соопшти американскиот Геофизички институт. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала го погоди Еквадор, соопшти американскиот Геофизички институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 100 километри северозападно од Портовехо и на длабочина од 10 километри под површината на земјата.
Минатата сабота катастрофален земјотрес со интензитет од 7,8 степени го погоди Еквадор, при што загинаа 587 луѓе.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град