Експлозија во хемиска фабрика во Леверкузен

Силна експлозија од хемиска компанија денеска одекна во германскиот град Леверкузен. Пет лица се водат за исчезнати, а неколкумина се повредени. Според светските медиуми, сведоците изјавиле дека виделе чад, а германската агенција за цивилна заштита прогласила тревога за „екстремна опасност“.

 |   | 

 

Според светските медиуми, сведоците изјавиле дека виделе чад, а германската агенција за цивилна заштита прогласи „екстремна опасност“.

Според порталот „Билд“, наводно дошло до експлозија во областа за одлагање отпад. Ова го објави компанијата „Курента“, која е оператор на хемискиот парк „Хемарк“. Голем црн облак чад се надвисна над градот по експлозијата, јави германската агенција ДПА.

Експлозијата се случи во делот на паркот каде што се согорува отпад, изјави портпаролот „Куренте“, како што објави Ројтерс. Управата на тој парк објави на Твитер дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата.

Германската телевизија ВДР претходно објави, повикувајќи се на сведоци, дека се слушнала експлозија и дека се појавил облак од чад на местото каде што се наоѓа централата „Баер“. Полицијата објави на Твитер дека го затвора автопатот во близина.

Германските медиуми наведуваат дека е испратен апел до граѓаните да ги држат затворени прозорците и вратите.

На локалното население им беше кажано веднаш да влезат во затворениот простор доколку биле надвор.

Во 2019 година, компанијата „Баер“ и хемиската компанија „Ланкес“ ја продадоа компанијата „Курента“, која е оператор на тој парк, на компанијата „МекВери Инфрастрејкер“ за сума од 3,5 милијарди евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top