Најмалку 17 лица загинаа во експлозија на автомобил – бомба во Дамаск

Најмалку 17 цивили  загинаа денеска, а 14 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Дамаск, јавија сириските електронски медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Damask
Damask

Најмалку 17 цивили  загинаа денеска, а 14 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Дамаск, јавија сириските електронски медиуми.

Според сириската државна телевизија, во автомобилот имало околу 200 килограми експлозив.
Експлозијата се случила во близина на еден безбедносен објект на патот кон аеродромот, на крстосницата која води до светилиштето Сит Зејнаб, популарно меѓу шиитските верници од Иран и Либан.

Damask googleОчевидците тврдат дека безбедносните сили го оградиле местото на експлозијата.  
Единицата за борба против тероризмот започна истрага за да го утврди идентитетот на напаѓачот.
Ова е прва експлозија во Сирија, по нападот врз командантот на военото крило на Хезболах Имад Мугни во февруари, под чиј автомобил беше поставена бопмба.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top