Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА), како агенција на ЕУ, потврди повеќе од 200 тврдења за корисноста на прехранбените производи врз здравјето на луѓето, што може да им даде компаративна предност на компаниите чија целна група се потрошувачите кои се грижат за своето здравје.
Во конечната листа, по разгледаните повеќе од 2.500 поднесени барања, Агенцијата меѓу другите ги вклучи и тврдењата дека гумите за џвакање без шеќер можат да помогнат во неутрализирање на плунката и производството на киселини кои предизвикуваат расипување на забите и дека произведите кои соддржат калциум помагаат во растот на коските кај децата.
Меѓу барањата кои се одбиени е и тврдењето на италијанскиот кондиторски производител „Фереро“ дека „Киндер“ чоколадото го поттикнува растот на децата, како и тоа дека црниот чај ја зголемува внимателноста и концентрацијата, пренесуваат агенциите.
-Потрошувачите имаат право на точни и доверливи информации на етикетите за прехранбените производи што треба да им помогнат да направат здрав избор,изјави комесарот за заштита на потрошувачите Џон Дали.
Конечната листа од овие тврдења треба да ја одобрат и владите и законодавците на сите земји члнеки на ЕУ, пред и официјално да биде усвоена на почетокот на идната година, по што сите компании ќе имаат шест месеци да ги отстранат отфрлените тврдења од етикетите на своите производи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град