Една жртва во протестите против ковид мерките во Берлин

49-годишен човек починал веднаш откако бил уапсен од страна на полицијата за време на масовниот протест на поддржувачите на анти-ковид мерките кој вчера се одржа во германската престолнина, Берлин.

 |   | 

49-годишен човек починал веднаш откако бил уапсен од страна на полицијата за време на масовниот протест на поддржувачите на анти-ковид мерките кој вчера се одржа во германската престолнина, Берлин. Демонстрантот се пожалил на пецкање во раката и градите додека полицијата ја проверувала неговата лична карта во берлинскиот кварт Мите.

Од полицијата информираат дека веднаш му укажале прва помош, по што итно со брза помош бил пренесен во болница, но подоцна човекот починал.

Инаку, вчера илјадници демонстранти се собраа и протестираа против мерките и покрај официјалната забрана за протести. Дојде и до судири меѓу полицијата и демонстрантите при што беа приведени околу 600 луѓе.

Германците протестираа против мерките кои сеуште се на сила во земјата, а тоа се носење маски во затворени простории и покажување негативни тестови за ковид -19 или сертификати за вакцинација. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top