Тринаесетгодишната Ухуд од Саудиска Арабија, една недела чувствувала грчеви во пределот на стомакот. Кога болката престанала, и се развиле машки органи.
“Не можев да поверувам кога го видов тоа. За само една недела мојата ќерка стана – мој син“, изјавил таткото на девојчето Ахмед Хасан Муса од градот Камис Мушаита во Саудиска Арабија.
“И претходно забележавме дека Ухуд можеби нема женски гради, а кога почнаа болките во стомакот докторите ни рекоа дека таа нема матка. Неколку дена подоцна ни кажаа дека кај неа се развиле машки полови органи“, изјавил шокираниот татко.
Муса изјавил дека Ухуд сега се вика Муад и веднаш била преместена во училиште за момчиња.
“Нејзините учители во училиштето за девојки многу пати ми кажаа дека таа е многу паметна, но непослишна. Ова многу ги изненади“, додал таткото.
“Некои луѓе од соседството и претходно ми говореа дека се однесува како момче. Јас забележав дека секогаш си игра со браќата, а не со сестрите“, раскажал таткото додавајќи дека Муад веќе бил пријавен во сите надлежни институции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град