Дводневен самит на EУ во Брисел

Според најавите, лидерите на земјите членки на ЕУ очекуваат да ги обезбедат потребните гаранции потребни за успех на претстојниот ирски референдум за Лисабонскиот договор.

 |  Крсте Голабовски  | 
Brisel
Брисел

Според најавите, лидерите на земјите членки на ЕУ очекуваат да ги обезбедат потребните гаранции потребни за успех на претстојниот ирски референдум за Лисабонскиот договор.

Ирска е единствената земја од ЕУ што на референдумот одржан во јуни минатата година го одби Лисабонскиот договор за реформи на институциите на Унијата.

EU parlamentФормата на гаранциите што сега се подготвуваат за Ирска е си уште непозната, но Ирците бараат евентуалното прифаќање на Лисабонскиот договор да не го загрозува ирскиот суверенитет, посебно во област на даноците и неутралноста на земјата.

Од друга страна, ЕУ очекува Ирска конечно да го соопшти официјалниот датум за новиот референдум.

Дводневниот самит нема да се занимава само со Лисабонскиот договор, туку и со номинацијата за претседател на новата Европска комисија.

Актуелниот претседател Жозе Луис Баросо би можел повторно да се кандидира, доколку биде поддржан од мнозинството земји членки.

Трето главно прашање за кое се очекува да се расправа на ЕУ самитот е дебатата за реформа на надзорот на финансиските пазари на Унијата. ЕУ предлага две нови институции кои ќе ја мониторираат состојбата во финансискиот сектор и ќе предупредуваат при евентуални ризици.

Според најавите, актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска на самитот ќе ја претстави својата програма за втор мандат, во обид да ја добие поддршката на европските лидери.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top