Двете Кореи на работ на војна

Двете Кореи се на работ на војна. Северот истрела 200 гранати врз населениот јужнокорејски пограничен остров Јеон-пјеонг.

 |  Маја Савиќ  | 
napad
напад

Загина еден јужнокорејски маринец, а повредени се уште 14 војници и двајца локални жители. Јужнокорејската војска возврати со 80 гранати во самоодбрана.

granatiranje
На островот горат куќи, а населението се евакуира, Сеул испрати борбени авиони во регионот и ја стави војската на највисоко ниво на готОвност, а владата свика итна седница.
Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак рече дека е мошне важно да се спречи ескалиција на престрелката. Пјонгјанг се уште молчи за нападот. Расте стравот од нова корејска војна. Русија изрази сериозна загриженост, а Јапонија нареди подготвеност за секое сценарио. Кина апелираше двете земји да се смират и да седнат да разговараат.
„Се плашам дека ќе ме мобилизираат во резервистите. Сега навистина се плашам дека ќе почне војна. Сериозно, многу сум исплашен“, вели Ју Хо Сунг, студент во Сеул.
Ова е еден од од најсериозните судири откако Корејската војна заврши без потпишување на мировен договор во 1953 година, по кој двете Кореи технички останаа во војна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top