Две лица загинаа при уривање на воен хеликоптер во јужната авганистанска покраина Хелманд, каде е во тек воена операција против талибанците, соопштија денеска НАТО и британската војска.
Две лица загинаа при уривање на воен хеликоптер во јужната авганистанска покраина Хелманд, каде е во тек воена операција против талибанците, соопштија денеска НАТО и британската војска.
Талибанците изјавија дека хеликоптерот „чинук“ го соборила една бунтовничка група, а очевидците наведуваат дека леталото уште во воздух било во пламен.
Портпаролот на НАТО изјави дека во несреќата животот го загубиле две лица и дека хеликоптерот превезувал цивили, пренесе Би Би Си.
Портпаролот на британските војници во Хелманд, кои влегуваат во составот на силите на НАТО за поддршка на мирот, потврди дека имало несреќа со хеликоптер, но не беше во состојба да соопшти која била причината и дали има жртви. Според него, леталото било на британската војска.
Во операцијата во Хелманд, главното упориште на талибанците, учествуваат околу 4.000 американски маринци и повеќе стотици припадници на силите на НАТО и авганистанската војска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град