Доживотен затвор за германката која ги уби своите 5 деца

Во Германија 28-годишна мајка е осудена на доживотен затвор за убиството на пет од нејзините шест деца, во куќа во западниот град Золинген, јави денеска германската новинска агенција ДПА.

 |   | 

Во Германија 28-годишна мајка е осудена на доживотен затвор за убиството на пет од нејзините шест деца, во куќа во западниот град Золинген, јави денеска германската новинска агенција ДПА.

Регионалниот суд во Вупертал во својата пресуда ја утврдил посебната тежина на кривичното дело, а во повеќето случаи таквиот наод исклучува ослободување од затвор по 15 години, соопшти агенцијата АП.

Децата Мелина, Леони, Софи, Тимо и Лука, на возраст од една до осум години, беа убиени во септември 2020 година. Обвинителите посочија дека нивната мајка прво им дала седатив за млади, а потоа ги давела или задушила, пренесува АП.

Сe смета дека повод за овие убиства била фотографија што поранешниот партнер и ја испратил на жената, а на која тој бил со нова партнерка. По ова, мајката му напишала дека никогаш повеќе нема да ги види своите деца.

Откако ги убила децата, таа се обидела да се самоубие скокајќи пред воз на железничка станица во Диселдорф и се здобила со тешки повреди, но не опасни по живот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top