Докторот кој рече дека Хуго Чавез е тешко болен и дека му преостануваат уште две години живот побегна од Венецуела со целото семејство плашејќи се за својот живот.
Доктор Салвадор Наварете оваа изјава ја даде минатата недела, велејќи дека венецуелскиот претседател боледува од многу агресивен тип на рак, по што во неговата ординација дошла полиција и ја проверувала целата документација и компјутерите.
Наварете кој го лекувал Чавез пред 10 години во интервју за мексиканскиот магазин Миленио рекол дека информацијата за сериозноста на болеста ја добил од семејството на претседателот. Чавез во четвртокот по враќањето од лекарскиот преглед во Куба изјави дека е целосно излекуван.
Бидејќи за неговата болест многу малку детали се изнесени во јавноста, се појавија бројни шпекулации за тоа дека неговата здравствена состојба е полоша од што официјално се тврди.
Во меѓувреме Чавез најави дека ќе се кандидира и на следните претседателски избори следната година за нов шест годишен мандат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град